Денеска на стадионот во Ѓорче Петров, тимот на Македонија во првиот пријателски дуел зимава, го совлада гостинот Силекс со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше искусниот Кире Маркоски во второто полувреме.
И двата тима ја привршуваат почетната фаза од подготовките зимава, а следува секако онаа втората, заминувањето за Анталија. Таму се планирани секако неколку пријателски средби, и темпирање на формата за пролетната полусезона.