Вечерва во Вараждин нашата ракометна селекција го одработи последниот тренинг пред стартот на главната рунда на СП. Утре Македонија во првиот меч од групата-2 игра со Австрија и тоа со почеток од 15.30 часот.
Селекторот Кирил Лазаров ја спремаше тактиката, планот е готов, сега само треба Кузмановски и другарите да го одработат на најдобар можен начин утре против силната Австрија.
Да, Австрија е силна селекција, треба да се респектира, но Македонија на сите три меча од прелиминарнарната рунда покажа дека си има и тоа како свој квалитет.
Само да се потсетиме, Македонија во оваа главна рунда влегува со 1 бод.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!