Изненадување или не? Вечерва во Куманово, во меч од 14.коло во нашата елитна лига, оној што беше одложен вчера, домашните кошаркари на МКК Куманово со 86:72 славеа против составот на Пелистер.
Ова беше деветта победа на МКК Куманово во оваа сезона и петти пораз на битолчани, па така сега и двете екипи имаат подеднаков скор во првенството.
Уште во првата четвртина домашните кошаркари покажаа дека на овој меч имаат победнички амбиции, одиграа одлично и првиот период го добија со 27:17. Сепак Пелистер врати во втората четвртина која ја доби со 11:31 или +20. По ова ретко кој се надеваше дека кумановци ќе се вратат во “игра“ за победа.
Сепак тие и тоа како се вратија со блескава игра во второто полувреме и на крајот заслужено славеа со конечни 86:72.
Радукиќ со 31 поени беше најефикасен кај домашните, но и на мечот, Луковиќ забележа 21 поени, додека кај гостите Мишковиќ со 22 поени беше најефикасен.