Лоши вести од Узбекистан. Имено како што пренесуваат медиумите во таа земја, на нивниот селектор Среќко Катанец наводно му бил дијагностициран рак. Иако оваа информација службено не е објавена, туку само дека Катанец нема да ги води подготовките на репрезентацијата на таа земја поради болест.
Јасно е дека за нас ова е интересна информација ако се знае дека Словенецот од 2006 до 2009 година ја предводеше селекцијата на Македонија и се уште важи за еден од најдобрите селектори во историјата на нашата репрезентација.
Катанец има 61 година, тој е вистинска легенда во својата земја, а како играч покрај Партизан и Динамо, беше дел од Сампдорија од нејзините најдобри времиња.