Жарко Пешевски е еден од поискусните ракометари во нашиот состав. Репрезентативниот пикер е задоволен од првата фаза на Светското првенство, пропуштената шанса за Унгарија останува, но играта која ја прикажаа им дава со право да се надеваат на добри игри.
Прв противник на македонската репрезентација е Австрија, дуелот се игра утре со почеток во 15:30 часот. По два дена следи мечот со Катар, додека главната рунда ја затвараме против Франција.
„Заокружуваме успешна прва фаза освен оној меч со Холандија, на кој немавме среќа, направивме повеќе грешки, тие беа подобри. Со Унгарија се случи тоа што се случи, со Гвинеја планот беше да го добиеме тој меч и го добивме. Сега не чекаат сериозни противници, мораме сериозно да се подготвиме и за нив. Ќе биде тоа добра шанса за надигрување. Франција е велесила, Топ 3 репрезентација. Катар има балкански играчи, им нив како и на нас им врие крвта и нив. Ќе биде тоа еден од решавачките натпревари. Австрија има повредени играчи, но последниве неколку првенства покажа дека е екипа која може да се носи со сите. Но, имаме шанса против нив и шанса за успешно продолжување на ова првенство, вели Пешевски.