Рамо до рамо со Лазаров: Кузмановски влезе во историјата на Светските првенства

1030

Одлична групна фаза за македонската ракометна репрезентација на Светското првенство. Сите од прв до последен во нашиот тим имаат право да бидат горди бидејќи одиграа врвно против силните селекции како Унгарија со која бевме на секунди до победа, Холандија која доби помош од судиите, а потоа со убедлива победа ставија печат на главната рунда.

Од ова Светско првенство, Македонија го има за капитен Филип Кузмановски. Популарниот Фитиљ одлично ја оправдува довербата, на теренот е вистински лидер, ги „тресе“ мрежите на противниците кога тимот има најмногу потреба од тоа, ја превзема одговорноста.

Кузмановски по завршувањето на групната фаза не само што е прв стрелец со 31 погодок, тој влезе во историјата на Светските првенства како еден од ретките играчи кои по три меча имале постигнато 31 гол. А до ова остварување има дојдено Кирил Лазаров, кој сега е селектор на македонската репрезентација.

Фитиљ пред почетокот на Светското првенство истакна дека сака да биде лидер на тимот како Кирил Лазаров. Засега чекори по истиот пат.

Кузмановски е лидер и по вкупниот број на постигнати голови и асистенции. Зад неговото име стои бројката 40, на 31 гол има и девет асистенции.

 

ПретходноВаленсија без Столе победи на домашен терен
СледноНов трипл-дабл на Јокиќ, Клиперс го добија градското дерби