Се чини дека останаа само уште две опции за Маркус Рашфорд. Вечерва медиумите од Каталонија велат дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед се договорил со Барселона. Тој ќе биде позајмен играч до јуни, а после ќе се види што и како.
Од друга страна “Марка“ пренесува дека таа работа ни од далеку не е готова, имено Барса прво треба да продаде еден играч а и тоа дека денеска и вечерва се воделе интензивни преговори меѓу Јунајтед и Дортмунд и дека Германците и тоа како биле заинтересирани токму кај нив да дојде Рапфорд на позајмица до јуни.
Па така останува сега да се види што е шпекулација а што вистина од двете страни.