Тотенхем го врати Скарлет од позајмица

23

Тотенхем го отповика напаѓачот Дејн Скарлет од неговата позајмица во Оксфорд Јунајтед, откако остана без Доминик Соланке поради повреда на коленото. Младинскиот репрезентативец на Англија постигна четири гола на 20 натпревари за Оксфорд во Чемпионшип, а сега е повторно вратен во неговиот матичен клуб.

Според менаџерот на Спарс, Ангелос Постекоглу, Соланке ќе паузира „неколку недели“ поради повредата поради која исто така го пропушти неделниот пораз од Евертон со 2:3 во Премиер лигата.

Скарлет само седум пати беше во стартниот тим на Оксфорд во годинешнава сезона. Тој е дете на Тотенхем, младински репрезентативец на Англија кој што одамна дебитираше за првиот тим уште во 2021.

Скарлет беше позајмен на Лига 1 во Портсмут за сезоната 2022/23 пред да помине дел од минатата сезона со Ипсвич.

ПретходноЕве колкава плата има македонскиот репрезентативец во Париз!
СледноЛицемерниот Дон Карло! Едно говори за судиите како тренер на Реал, а друго кога бил стратег на Баерн Минхен! (ВИДЕО)