Она што фановите на Ферари го очекуваа со нетрпение, денеска и се случи. Луис Хамилтон пристигна во Маранело и тоа во господски стајлинг. Ова за него беше првиот работен ден во својот нов тим.
Јасно е дека најпознатиот Ф1 тим во светот го поздрави седумкратниот светски првак со …Benvenuto, Lewis!
Од Луис се очекува да ја врати славата на Ферари и конечно да освои титула и со овој тим.
На ред се првите тест возења, а со нетрпение се чека стартот на новата сезона 2025.
Уф, што ли ќе биде? Луис и Леклер во Ферари, Макс со Ред Бул, Ландо со Мекларен…тоа ќе биде спектакуларна битка за светската титула во Ф1.
Thanks for waiting pic.twitter.com/K9ocnKwjtu
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) January 20, 2025