Фудбалерите на Вардар се веќе во Анталија каде ги одработуваат финалните подготовки во очекување на почетокот на пролетната полуетапа од домашниот шампионат. Покрај вообичаените тренинзи, фудбалерите на Вардар се очекува да одиграат и неколку пријателски средби со познати противници.
Атмосферата во тимот е на завидно ниво, а тоа може да се види и од видеото снимено во една од салите за тренинг кои ги користет „црвено-црните“ каде се тренира со звуците на „Ој Вардаре Македонски…“