Вечерва се одиграа и последните два меча од прелиминарната групна фаза на СП 2025.
Фантастична средба одиграа Шведска и Шпанија во директен дуел за првото место во груата-Ф. Шведска во еден момент имаше и +7, сепак на крајот во дербито на денот мечот заврши без победник 29:29 и тоа благодарение со супер голот на Алекс Душебаев во последните секунди.
Шведска е прва, но ќе пренесе само три бода во главната рунда, исто како и Шпанија.
Словенија беше поразена од Исланд со 18:23, па така тие во главната рунда ќе одат со два а Исланѓаните со 4 бода.
По овие два меча сега и дефинитивно се знаат сите 24 селекции во главната рунда како и распоредот на оваа фаза која стартува утре.
Од терминот од 18 часот, исто така се одиграа два меча.
Чиле ја победи Јапонија со 31:26 и со тоа во директен дуел успеа да се пласира во главната рунда.
Зеленортските Острови славеа против Куба со 38:28 и со тоа исто како и Чиле, и оваа егзотична ракометна селекција успеа да се најде меѓу најдобрите 24 селекции на Мундијалот.