Милан се обидува да го добие голгетерот на Феенорд

171

Милан ќе се обиде до крајот на преодниот рок да го ангажира Сантијаго Хименез, фудбалерот на холандски Феенорд.

Според „Газета дело Спорт“, по потписот на Кајл Вокер, приоритетна задача на „росонерите“ ќе биде засилување во нападот. Главен кандидат меѓу неколкуте опции е напаѓачот на Феенорд.

Милан веќе беше заинтересиран за Хименез во летото пред да го ангажира Тами Абрахам. Холандскиот клуб не сака да го продаде Мексиканецот во овој преоден рок и постави висока сума од 40 милиони евра за негова слобода.

 

ПретходноУнгарија немоќна, Франција покажа зошто е фаворит за тронот
СледноЛШ: Ливерпул „гази“, Барса победи во луд меч во Лисабон со 4:5 (ВИДЕО)