Нашите ракометари против силната Австрија одиграа без победник, 29:29 во првиот меч од групата – 2 во главната рунда. Македонија имаше шанса и за победа, но ете на крајот се спасувавме и од пораз.
По оваа средба сега имаме два бода во нашата група. По мечот свој коментар даде и голманот Никола Митревски кој поради настинка сепак не беше во игра во текот на целиот меч:
“На крајот извлековме реми, Добар натпревар, израмнет во текот на сите 60 минути. Се играше гол за гол. На крајот тие дадоа на 4 секунди до крај, ние веројатно на 4 стотинки. Мислам дека ова е најреално, ова реми. Мислам дека ако по тие +3 за нас го задрживме подолго тоаводство, ако и го зголемевме, можеше да се случи и да победиме. На крајот ни се врати она што го пропуштивме со Унгарија“ посочи Митревски.
Како против Катар?
“Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките, очекувам уште еден неизвесен натпревар. Би рекол дека е тука тој квалитет. Инаку можам да кажам дека одиме во добар правец. Одиме нагоре, се развиваме. Овие момци веќе не се толку млади и неискусни. Знаат да играат на резултат. Некогаш треба малку повеќе среќа во дадени моменти“истакна нашиот голман.