Аморим го искршил телевизорот во соблекувалната по поразот од Брајтон

369

Во напад на гнев по поразот од Брајтон на домашен терен со 1:3, менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим, го скршил телевизорот во соблекувалната на тимот.

Според „Атлетик“, станува збор за телевизорот со голем екран кој се наоѓа во клупската соблекувална. Според сведоците на ситуацијата, телевизорот се користел за презентирање на дел од тактиките пред почетокот на натпреварите. Сега од клубот почнале со поставување нов монитор.

Ваквата остра реакција се смета за некарактеристична за Аморим. Вообичаено португалскиот стручњак молчи по натпреварите, претпочитајќи да ја анализира ситуацијата потрезно следниот ден.

ПретходноДон Карло: Никогаш нема да одлучам за датумот кога ќе си заминам од Реал Мадрид!
СледноИ Германија падна пред данската „машина“