Бостон му го нанесе најтешкиот пораз на Голден Стејт на домашен терен во последните 40 години. Актуелниот првак кој игра топло-ладно во последните недели, овојпат славеше против Вориорс со убедливи 125:85.
Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 22 поени, на другата страна Стив Кари со 18 беше единствениот стартер и еден од двајцата Вориорси со двоцифрен учинок.
Селтикси се втори на Истокот со скор 30-13, а Вориорс се само 11-ти на Западот со скор 21-21, надвор од зоната на плеј-ин.
На останатите средби, Кливленд славеше против Феникс со 118-92, додека пак дуелот меѓу Њу Орлеанс и Јута беше решен после продолжение, а победник излезе домаќинот, кој беше подобар со 123-119. Чикаго дојде до победа против ЛА Клиперс од 112-99.