Вечерва се одигра премиерниот дуел од претпоследното коло во лигашкиот дел на Лигата на Европа меѓу Галатасарај и Динамо од Киев, кој заврши со резултат 3:3, што е големо изненадување и шок за навивачите на турскиот шампион.
Галата во овој меч влезе како огромен фаворит, му требаше победа практично да стигне до Топ 8 и да обезбеди директен пласман во осминафиналето, водеше со 2:0 и 3:1, но не издржа до крај.
Гостите од Украина со двата гола на Јармоленко се вратија за 3:3 и грабнаа голем бод. Динамо остана на последното 36-то место на табелата, но значително му го искомплицира животот на Галатасарај, кој во последното коло гостува кај Ајакс.