Македонскиот ракомет за жал остана без уште едно тренерско име. Пред неколку дена ненадејно прочина, Александар Јовиќ, кој последно беше тренер на Пролет. Од клубот денеска информираат дека Матлиески ќе биде новото тренерско име.
Исто така во соопштението седи дека до крајот на сезоната раководството на Пролет ќе го испочитува целиот договор на Јовиќ.
„Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство“, се вели во соопштението на РК Пролет.