Данската ракометна „машинерија“ го прегази германскиот тим во првото коло од главната фаза на ракометното Светско првенство. Вечерва во Хернинг, Данска пред свои навивачи славеше против Германија со 40:30 и покажа дека во моментов е најголем канидат за светскиот трон.
Мечот кој го судеше нашиот најдобар судиски пар, Николов/Начевски, помина во целосна доминација на Данска. Во првиот дел „црвените“ водеа со 24:18 и покажаа дека се вистинска машина за голови. Германците се обидоа на стартот на вториот дел да им парираат, но залудно. До крајот Данска беше повторно подобра и убедливо славеше.
Питлик со 8 гола и овојпат го предводеше данскиот тим, додека кај Германија Кастенинг и Костер постигнаа по 6 гола.