Кирил Лазаров и неговите момци после Унгарија повторно се најде на чекор до нова сензација, но повторно мораа да бидат задоволни со реми, овој пат против Австрија во првиот меч од главната рунда на Светското првенство. Филип Кузамовски имаше шанса од седум метри да ја донесе Македонија на чекор до победа, но не реализираше, но на нецели четири секунди до крајот пак со „бомба“ успеа да го совлада противничкиот голман и да извлече бод.
Лазаров вели дека е задоволен дека постигнаа гол во последната секунда, но и незадоволен зошто имаа пенал за водство. Смета дека среќата се заслужува, а најверојатно Македонија се уште не го заслужила тоа, но очекува дека еднаш ќе им се посреќи и на нив. Има за што да се жали, но мора да гледаат напред.
„Првата импресија е дека можеме да бидеме и задоволни затоа што постигнавме гол на крајот, а можеме да бидеме и незадоволни затоа што имавме пенал за водство. На минута и пол до крајот. Ако го дадевме ќе ја имавме таа психолошка предност. Што е тука е, спортот е таков, ракометот е таков. Велат дека среќата се заслужува, најверојатно сеуште ја немаме заслужено, и очекуваме во иднина да ни се посреќи што се вели.
На момците сум горд, затоа што одиграа еден егал меч. Знаат да ги играат овие натпревари. И една против така да ја наречам досадна Австрија, која што во секој напад знае што сака, на чело со Пајович. Едноставно не паднавме психолошки. Бевме точни, прецизни, реализаторски добри. Меѓутоа не знаевме да одговориме дефанзивно на играта седум на шест. Исто така и нашите голмани очеквав барем за нијанса да бидат подобри. Едноставно со самата одбрана доаѓа и агресивност иако досега и беа коректни. Едноставно жалиме и за Унгарија и за Австрија. Холандија не сакам да ја спомнувам, тоа е тоа. Немаме избор, мислам дека кај момците владее добра атмосрефа пред мечот со Катар. Можеби ако има проблем тој ќе биде кај мене. Да се скарам сам со себе. Немам аргументи и причина да се карам со некој друг од репрезентативниот табор“, изјави Лазаров.
Тој откри дека голем дел од момците овие денови се соочуваат со вирус, имаат високи температури, и дека гледа да се екипираат што подобро.
„Денеска Николче Митревски имаше температура, Јагуриновски остана во хотел, Костески исто така, предтохниод меч Велковски. Како за сите така и за нас. Имаме ростер, меч поред нас, ќе пробаме да се спремиме максимално. Митревски е одличен голман, тоа го покажа и тука, и во клубот каде што настапува. Го покажа тука тоа и на Мундијалот. Не можете против болест што се вели. Кизиќ беше одличен против Гвинеја. Ќе видиме што ќе се случува не можеме од сега да донесеме одлука“.
Следниот меч Македонија го игра за два дена против Катар предводена од Веселин Вујовиќ.