Ако Манчестер Јунајтед под водство на Ерик тен Хаг беше лош, многу лош, затоа и беше сменет Холанѓанецот, тогш што да се каже за овој Манчестер Јунајтед на Рубен Аморим?
Ужас! Очај! Катастрофа!
Легендарниот напаѓач Алан Ширер исто така удри по португалскиот стратег:
“Во секој случај овој Манчестер Јунајтед е многу полош од оној Јунајтед на Ерик тен Хаг. И се поради тоа што сегашниот тренер сака во тимот да спреведе свој систем на работа. Е, па, не може овој тим и овие играчи да играат како што тој сака. Овие играчи едноставно не можат да играат на тој начин каков што сака Португалецот“ истакна Ширер.