Марко Митев: Мора и ние некогаш да имаме среќа, бод си е бод!

121

Марко Митев против Австрија одигра навистина добар меч. Успеа да постигне шест голови и со тоа да биде најдобар стрелец во нашата репрезентација. Ги разигруваше своите колеги во нападот, а покажа дека и тоа како знае да ја тресе противничката мрежа.

Не криеше дека е задоволен од својот настап по мечот:

Ова беше исклучително добар натпревар,со исклучитено искусен противник, многу спремен за овој меч. Многу ни правеа проблеми со таа игра 7 на 6, можеби на крајот имавме и малку среќа на крајот, но што е тука е. Мора и ние некогаш да имаме среќа. Бод си е бод“ посочи Митев.

Тој на претходниот меч против Гвинеја не беше во составот, сега се врати и покажа колку значи за нашата репрезентација. За следниот дуел со Катар на ова СП, Митев истакна:

Имав повреда на рамото, добро е што се вратив. Очекувам со Катар исто ваква борбена игра, да се бориме до крај и нормално одиме на победа. И на оваа средба фановите, кои беа помалубројни од минатите мечеви ни беа ветар во грб. Сметам дека може да се очекува победа против Катар, само треба добро да се подготвиме“ заврши Митев.

ПретходноЛазаров: Жалиме и за Унгарија и за Австрија! Холандија не сакам да ја спомнувам, тоа е тоа!
СледноВардар има ново засилување: Матиќ е нов стопер на „црвено-црните“