Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во вториот дел од сезоната ќе го облече дресот на унгарскиот прволигаш Нирегихаза Спартак. Денеска клубот потврди потпишување на договор со нашиот репрезентативен дефанзивец, кој во првиот дел од сеозната беше без клуб.
„Мислам дека унгарското првенство е многу добро и тимот има одлична инфраструктура, стадионот е модерен, знам дека навивачите многу го сакаат клубот. Би сакал да напредуваме, се обидувам да му помогнам на Спартак во ова. Ми се допадна тоа што го истакна раководството и стилот на игра што го претставува стручниот штаб, па среќен сум што можам да ја продолжам кариерата тука“, изјави Велковски, кој денеска го потпиша договорот со кој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на моментно осмопласираниот тим во унгарскиот шампионат.