Македонската ракометна репрезентација по еден ден пауза денеска продолжува со битките на Светското првенство. Целта е остварена, селекторот Кирил Лазаров и неговите момци заверија пласман во главната рунда, се понатаму ќе биде голем бонус за оваа нова генерација.
Во новоформирната група 2, Македонија пренесе еден бод, а ќе игра против Австрија, Катар и Франција, противници кои се фаворити против „црвено-жолтите“.
Вараждин во изминатите денови дишеше во знакот на македонсите бои, беше преплавен од нашите фанови, кои и овој јануари одлучија да минат илјадници километри за да ги бодрат од лице место ракометарите.
За жал, после втората средба со Холандија, домаќинот на ова СП по наредба на ИХФ го промени својот однос кон Македонците. На влезот во салата немилосрдно беа претресувани сите, се следеше секој чекор на навивачите кои ја носеа „црвено-жолтата“ боја.
Оние кои ќе сакаат да ја поддржат Македонија во главната рунда ќе мора да издвојат нешто повеќе средства од групната фаза. Дневен билет за главната рунда во Вараждин Арена изнесува 80 и 100 евра.
Дел од фановите веќе го напуштија хрватскиот град, точнта бројка на фанови ќе биде позната на денешниот прв дуел против Австија, кој е закажан со почеток во 15:30 часот.