Македонскиот младински репрезентативец Ерион Шуку е нов играч на Шкупи. Младинецот на овој тим се врати дома што се вели откако дел од неговата досегашна кариера ја мина и во екипите на Арсими односно Скопје.
Се работи за играч кој што има 20 години во моментов и е сеуште со статус на младинец, нешто што нашите екипи исклучително го ценат како потреба, особено ако се работи за квалитетен млад играч.
Шуку инаку е напаѓач кој што ќе има жестока конкуренција за да обезбеди стартно место на Чаир напролет.