Во напад на гнев по поразот од Брајтон на домашен терен со 1:3, менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим, го скршил телевизорот во соблекувалната на тимот.
Според „Атлетик“, станува збор за телевизорот со голем екран кој се наоѓа во клупската соблекувална. Според сведоците на ситуацијата, телевизорот се користел за презентирање на дел од тактиките пред почетокот на натпреварите. Сега од клубот почнале со поставување нов монитор.
Ваквата остра реакција се смета за некарактеристична за Аморим. Вообичаено португалскиот стручњак молчи по натпреварите, претпочитајќи да ја анализира ситуацијата потрезно следниот ден.