Жарко Пешевски уште еднаш се покажа како еден од клучните играчи во нашиот репрезентативен табор. После Марко Митев со 6 голови, нашиот пикер постигна пет голови, имаше шанси за уште некој, но сепак одигра квалитетно вонападот.
По средбата во Вараждин тој истакна:
“Успеавме да дојдеме до поволен резултат, иако мислам дека можевме и да победиме. Ги имавме Австријците в рака. Се надевам дека на следните мечеви ќе и хепи – енд за нас, иако реално денеска имавме среќен крај со гол постигнат во последната секунда за 29:29. Јасно е дека игравме против една силна селекција и за тоа треба да бидеме свесни. Најважно е што максимално се бориме, играме според мене од натпревар во натпревар се подобро. Мини – проблемите, како здравствени и играчким, ги оставаме зад себе и ги надминуваме на секој нареден дуел. Сметам дека против Катар ќе бидеме уште подобри“ посочи Пешевски.