Како ИХФ ќе го направи конечното рангирање на Светското првенство!

780

Денеска стартува главната рунда на Светското првенство кое се одржува во три земји: Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија која е дел од 32-те земји учесници се пласираше меѓу репрезентациите кои се борат за место во завршницата. Она што е сигурно е дека Кирил Лазаров и неговите избраници ќе завршат на подобра позиција од последниот Мундијал во Краков и 27-то место.

Во продолжение погледнете ги регулативите на ИХФ за крајното рангирање на репрезентациите.

Екипите што ќе завршат на третото место во секоја група од главната рунда ќе бидат рангирани на позиција од 9 до 12 место. Екипите што ќе завршат на четвртото место во својата група од главната рунда ќе бидат рангирани од 13 до 16 место. Екипите што ќе завршат на петтото место во групите во главната рунда ќе бидат рангирани од 17 до 20 место.

Екипите што ќе завршат на последното шесто место во групите ќе бидат рангирани од 21 до 24 место. Како ќе врши тој ранкинг?

1. Број на освоени бодови

2. Ако две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, тогаш гол разликата од главната рунда ќе биде решавачка.

3. Ако и тогаш има изенадчени екипи, тогаш бројот на бодови во прелиминарната рунда, потоа гол разликата во прелиминарната рунда и на крајот поголем број на постигнати голови во прелиминарната рунда.

4. Ако и тоаш има израмнети екипи, тогаш пласманот ќе биде одреден со ждрепка.

ПретходноМатлиески повторно на клупата на Пролет
СледноНишто од Реал: Дејвис останува во Баерн Минхен за 15 милиони евра годишно!