По се изгледа дека на Килијан Мбапе му тргна во Реал Мадрид. На последните мечеви во дресот на “кралевите“ игра одлично, постигнува голови, се повеќе потсетува на оној стариот Мбапе кого фановите на Реал Мадрид го очекуваат посакуваа отако дојде во Мадрид.
Јасно е дека Мбапе е се само не и срамежлив, а тоа и самиот го признава:
“Се чувствувам многу добро, мислам дека имав добар месец. Сакам секогаш да му помагам на мојот тим со моите игри. Лично сметам дека сум смирен, но јасно е дека е нормално е луѓето постојано да говорат за играч како мене. Никогаш нема да бидам срамежлив, но исто така сакам мојот фокус да биде насочен кон мојата игра. Да, не треба да бидеме срамежливи, но кога ќе дојдете во клуб како Реал Мадрид тоа треба да го правите со понизност. Овој клуб заслужув само почит и голем респект“ посочи спектакуларниот француски напаѓач.