Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филил Кузмановски донесе голем бод на Македонија против Австрија. Не успеа да реализира од седум метри, но затоа на 3,8 секунди до крајот испрати бомба во голот на противникот за реми 29-29 кое се чини е најправедниот исход на оваа средба, прва од главната фаза во Вараждин.
Момците на Кирил Лазаров повторно покажаа карактер, не се откажаа во ниту еден момент, се бореа до последната секунда, одиграа на ниво против уште еден силен противник за продолжување на добрите настапи на ова Светско првенствио.