Нашиот репрезентативец Андреј Стојчевски во пролетната полусезона ќе го носи дресот на Словачко. Ова и самиот клуб од Чешка го потврди соо официјална промоција на своите социјални мрежи.
Ова ќе биде позајмица за Македонецот откако тој и неговиот клуб Жилина од Словачка, се сложија да ја направат.
Инаку Стојчевски е дете на Вардар, а играше и за Брера Струмица, и како што рековме Жилина.
За младата репрезентација на Македонија одигра повеќе натпревари а во последно време добива повик во А- селекцијата.