Тажна слика од Вараждин Арена: Молк во ходниците, трибините празни!

3790

Пред само два дена на помалку од полвина час до почетокот на натпреварот на македонската ракометна репрезентација против Гвинеја во Вараждин Арена ечеја македонски песни, се вееја македонски знамиња.

Е денеска сликата е тажна. Македонски фанови има, но во значително мал број. Ходниците се празни, иста е ситуацијата на трибините.

Домаќинот на последниот меч се однесуваше грубо кон Македонците, а тоа за дел значеше дека треба да се спакуваат и да се вратат назад. Од денеска Вараждин е пак тажен град.

Има најава за фанови од Виена, има и останати Македонци, но нивната бројка не е како во групната фаза.

За постетување, Македонија за помалку од половина час ќе ги одмери силите против Австрија во првиот дуел од главната рунда.

ПретходноОвој човек е СУПЕРМЕН: Новак го ЗБРИША Карлито за пласман во полуфиналето во Мелбурн!
СледноЛига Шампиони: Спектакл во Лисабон, Леверкузен гостува во Мадрид, Ц. Звезда го дочекува ПСВ! (ФОТО)