Во вториот меч од главната рунда во нашата група „2“ вечерва во драматична завршница и со гол во последните 3 секунди, селекцијата на Холандија славеше против Катар со 38:37. Катарците одиграа можеби и најдобар меч на ова Светско првенство под водство на селекторот Веселин Вујовиќ, но и тоа што имаа константна предност во повеќе од две третини од мечот, не успеа да им донесе радост во дуелот со „лалињата“. Упорните Холанѓани на крајот ја искористија последната шанса и со голот на Верштајнен успеаја да победат и да ги освојат двата бода од овој дуел.
Бајенс со 9 и Стајнс со 7 гола беа носители на играта на Холандија и вечерва, додека кај нашиот следен ривал, селекцијата на Катар се истакнаа Марцо со 11 и Марковиќ со 8 погодока.
Во мечот од групата „1“ меѓу Италија и Чешка, Италијанците продолжуваат со чудесните настапи. Вечерва ја совладаа Чешка со убедливи 25:18 и остануваа во чекор со водечката двојка, Данска и Германија.
Кај Италија Парисини со 5 гола беше најефинасен на мечот.