Мајами Хит оваа недела одржале продуктивни преговори за можен трејд на Џими Батлер, една од најголемите ѕвезди не само на тимот, туку и на НБА лигата. Познатиот инсајдер Шамс Чаранија за ESPN пишува дека трејд на Батлер е можен.
„Џими зборуваше за размената со Пат Рајли и го стори истото минатата недела со сопственикот на тимот и генерален менаџер Мики Арисон. Оваа недела добив информации дека Хит имале продуктивни дискусии во врска со потенцијалната размена на Батлер“, рече Чаранија.