Вистината за Академијата на ФФМ (ВИДЕО)

1363

На стартот на својот мандат, новиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, рече дека голем, огромен акцент во неговото работење ќе се стави врз младинските категории, односно селекции. На прашањето пак каква е состојбата со ФФМ Академијата која што е нераздвојливо поврзана со прашањето на младинските категории, Омерагиќ со сериозен тон рече.

„Нема да одговорам на ова прашање. Ќе ја одведам јавноста во просториите на Академијата за самите да се уверите“. – рече Омерагиќ.

Ова видео ја одсликува тажната, траорната слика на Академијата на ФФМ. Да, овде живееја со години најдобрите млади фудбалери од Македонија, одбрани да бидат дел од престижната ФФМ академија, која што не смее да се занемари дека е под капата на УЕФА. Ова е УЕФА проект.

Да, во вакви услови некој ги остави младите фудбалери. Да не заборавиме, дека ова се само деца, кои од својата 13, 14 година живеат заедно. Јадат, спијат, тренираат заедно. Во какви услови? Видете и уверете се сами.

Новото раководство на ФФМ вети дека веднаш ќе се зафати со реконструкција на постоечките капацитети и обезбедување на максимални услови за младите фудбалери. Она што своевремено беше гордост на Федерацијата, и беше пример како треба последните години беше оставено да скапува и да се претвори во срам и брука за сите кои што се дел од фудбалскиот свет во Македонија.

Дали е ова нормално? Не е. Дали некој заслужува ваков третман, не. Дали некој со оваа руина, згора на се уценувал, се заканувал, ако не го пуштиш детето да биде дел од Академијата нема повеќе да го земаме за репрезентација, ДА. Епа доволно беше. Време е за промени, време е за нешто ново во мак фудбалот.

„Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.
Наскоро… промените ќе зборуваат сами за себе“  – се зборовите на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

 

ПретходноНевреме го одложува дуелот Вардар – Актобе
СледноТажната приказна за Гвинеја: Од остварување на сонот до шокантен пречек во Сент Мартин!