Ако Новак Ѓоковиќ, веројатно најголемиот Србин во историјата, смогна сила и им даде поддршка на студентите во нивните протести кои веќе траат два месеци, тогаш првиот човек на Ц. Звезда, Ѕвездан Терзиќ и тоа како се “покажа“.И нему му е јасно дека без Александар Вучиќ “неговиот“ клуб и тоа како нема да биде тоа што е сега, па сака на секаков начин да му се умилкува на претседателот на Србија.
Па така Терзиќ се огласи на социјалните мрежи со специјална порака за студентите и со среден прст.
Навистина невкусно…
„Што се однесува до нивните протести, крвави раце и обоени револуции, пораката од српскиот народ им е следна“ напиша Терзиќ
Ова треба да го видат и фановите на Ц. Звезда, оние вистински.