Флик: За првпат во мојата кариера доживувам ваков пресврт

674

Тренерот на Барселона Ханси Флик беше исклучително среќен по неверојатната победа од 5:4 над Бенфика. Каталонците губеа со 2:4 на пороен дожд во Лисабон, но направија драматичен пресврт.

„Уникатен натпревар. Најважно е што покажавме карактер. Одлично е што го постигнавме овој пресврт. Токму поради ваквите натпревари сите го сакаме фудбалот. Никогаш не сум доживеал таков пресврт, тоа е неверојатно. Не одигравме многу добро пред паузата. Бенфика одлично се претстави во преминот од одбрана во напад. По паузата работите тргнаа поинаку. Многу ни помогнаа замените“, истакна тренерот на Барса.

Тој ги прокоментира грешките на голманот Шчешни велејќи дека на секого во тимот може да му се случи тоа.

„Шчешни? Кој фудбалер не греши? Заедно победуваме и заедно губиме. Работите не застануваат на еден натпревар, важен е менталитетот. Се што видов во второто полувреме ми се допадна. Сега важно е да се фокусираме на натпреварите против Валенсија и Аталанта. „Не смееме да се опуштиме“, предупреди Флик.

На кормилото на Барса и Баерн Минхен има вкупно 22 победи од 25 натпревари во Лигата на шампионите. Ова е највисока стапка на успех меѓу сите тренери кои воделе тимови на најмалку 10 натпревари на турнирот.

ПретходноГвардиола: Се надевам дека ПСЖ ќе го одигра најслабиот натпревар
СледноНевреме го одложува дуелот Вардар – Актобе