Џонов: Треба со голем оптимизам да гледаме кон иднината! Се бориме до крај – тоа е се што и треба на Македонија!

400

Зад македонската ракометна репрезентација е уште еден драматичен натпревар на Светското првенство. Во првиот дуел од главната рунда против Австија, избраниците на Кирил Лазаров имаа шанса да победа, но и беа на прагот на пораз. Филип Кузмановски со звукот на сирената испрати „бомба“ во мрежата на Австрија за реми.

„Црвено-жолтите“ има за што да жалат, но има и треба да бидат задоволни. Не се откажаа во ниту еден момент, а повторно изгинаа на теренот, битката не беше изоставена.

„Тежок натпревар, Австрија е квалитетна селекцијата, како тактички така тркачки. Се надмудрувавме шеесет минути, ова беше перфектен натпревар. Беше тешко да се браниме против нивниот напад седум на шест, играа речиси без грешка. На крајот беше ролеркостер, можевме да победиме, а можевме и да загубиме. Мислам има за што да жалиме, но сепак треба да бидеме задоволни. 

Треба со еден голем оптимизам да ја дочекаме иднината, не само на овој шампионат туку и понатаму. Добро сме склопени, гинеме еден за друг, се бориме до крај, и тоа е што на Македонија ѝ треба“, рече Иван Џонов. 

Македонија веќе утре го игра вториот меч на Мундијалот, за противник ја има селекцијата на Катар, дуелот е закажан во 15:30 часот.

ПретходноСрамно: Првиот човек на Ц. Звезда со среден прст за студентите! (ФОТО)
СледноГвардиола: Се надевам дека ПСЖ ќе го одигра најслабиот натпревар