Заради големото невреме и обилните дождови што денеска ја зафатија Анталија, беше одложен подготвителниот пријателски натпревар со ФК Актобе (Казахстан) Затоа утре ќе има нов натпревар, но против Софијски “Септември”, прволигаш кај нашиот источен сосед, во 15.30 часот по локално време.
Ова ќе биде прва контрола за четата на стратегот Гоце Седлоски во текот на овие зимски подготовки.