Сензационална вест денеска доаѓа од Шпанија. Медиумите кои се “главни“ за Реал Мадрид пренесуваат дека “кралевите“, односно Дон Флорентино Перез се спрема за сензационанален трансфер.
Станува збор за Бенџамин Шешко, репрезентативен напаѓач на Словенија. Шешко има само 21 година, во моментов е член на Ред Бул Лајпциг, но според сите мерија уште сега важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот..
Јасно му е на Дон Флорентино дека за него, барем засега, Ерлинг Халанд е загубен откако Норвежанецот го продолжи договорот со Сити до 2034 година.
Шешко му е поефтина варијанта, исто така е висок и робусен со своите 195 см, а и тоа како знае да ги тресе противничките мрежи.
Шешко потекнува од БиХ, ама е роден во Словенија и затоа игра за оваа репрезентација.