Кајл Вокер се чини дека е нов фудбалер на Милан и тоа за гигантот од Милано ќе биде огромно, екстра засилување. Досегашниот десен бек на Манчестер Сити, барем според пишувањето на медиумите во Италија и на Островот, а тоа го потврди и фамозниот Фабрицио Романо, утре ќе отпатува во Милано на лекарски прегледи и на промоција.
Инаку Вокер до јуни ќе игра за Милан како позајмен играч, но со можност, по истекот на позајмицата, да пиотпише перманентен договор со клубот од Милано.
Името на десниот бек на репрезентацијата на Англија се поврзуваше и со трансфер во С. Арабија, како и со други клубови во Европа, сепак Вокер се одлучи за Италија.