ЛШ: РБ Лајпциг со прва радост, Елмас остана на клупа

39

РБ Лајпциг на домашен терен славеше против Спортинг со 2:1 во еден од двата воведни денешни мечеви во 7. коло од Лигата на шампионите. Ова беше само прв триумф на „биковите“ во чии редови вечерва беше нашиот Елмас, но цел меч го преседе на клупата за резерви.

Головите за победа на Лајпциг ги постигнаа Шешко и Поулсен, додека Ѓокерес беше стрелец на единствениот гол за Португалците.

Екипата на Шахтјор Доњецк победи во Гелзенкирхен со 3:0 против екипата на Брест. Со вечерашната победа, популарните „рудари“ задржаа барем теоретска надеж за пласман во вториот круг од натпреварувањето. Головите за Шахтјор ги постигнаа Кевин и Судаков.

ПретходноШкрињар е нов стопер на Фенербахче
СледноПотврдена лошата вест за Словенија: Цехте скршил најмалку две ребра