Наполи понудил 50 милиони евра за Гарначо, Манчестер бара повеќе

80

Наполи му понудил на Манчестер Јунајтед 50 милиони евра за услугите на Алехандро Гарначо, јавува инсајдерот Фабрицио Романо. Според него во понудата има и дополнителни бонуси за трансфер на крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“.

Според Романо, првичната понуда на Наполи за Алехандро Гарначо била 50 милиони евра со бонуси, но Манчестер Јунајтед верува дека нивниот играч вреди повеќе и бара зголемување на сумата. Тренерот на наполитанците Антонио Конте навистина сака да го внесе Аргентинецот во својот тим и врши притисок врз раководството на италијанскиот клуб, барајќи да се комплетира зделката.

Раководството на Манчестер Јунајтед и агентот на играчот биле контактирани и од лондонски Челзи, но „сините“ сега одлучуваат дали треба да влезат во борба за играчот.

ПретходноХрватите не се ни испотија за победа, Шведска и Португалија ремизираа
СледноШкрињар е нов стопер на Фенербахче