Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер

159

Александар Петровиќ повеќе не е тренер на КК Пелистер откако овој искусен стратег си поднесе оставка од функцијата по поразот на гостувањето против Куманово. Претходно битолчани беа убедливо поразени од МЗТ Скопје. Од клубот му се заблагодарија за соработката и му посакаа среќа во следните предизвици.

„Петровиќ пристигна на чело на стручниот штаб во текот на летото и му беа обезбедени максимални професионални услови за извршување на функцијата. Тој во целиот овој период ја имаше поддршката на раководството, но самиот донесе одлука да се повлече од кормилото, соопштувајќи ја истата на кошаркарите по последниот меч одигран во Куманово.

Кошаркарскиот клуб Пелистер јавно му се заблагодарува на Петровиќ за максималниот професионализам и посветеноста во овој период додека ја извршуваше функцијата во нашиот клуб.

Исто така, му посакуваме многу среќа во идните ангажмани…“, се вели во соопштението на КК Пелистер. 

ПретходноБатлер се подалеку од Мајами, наскоро ќе има трејд
СледноНорвешка во последните пет минути до победа над Шпанија, нов триумф на Исланд