Потврдена лошата вест за Словенија: Цехте скршил најмалку две ребра

117

Словенечкиот репрезентативец Цехте има скршеница на најмалку две ребра и по се изгледа за него ова Светско првенство е веќе завршено. Од Словенечката федерација вечерва ја потврдија информацијата од лекарскиот тим од клиничкиот центар во Загреб.

„Првите испитувања покажаа дека Цехте се здобил со скршеница на најмалку две ребра за време на мечот со Аргентина. Тој ќе остане под опсервација во текот на ноќта во Универзитетскиот клинички центар во Загреб, по што ќе бидат спроведени дополнителни испитувања за можни придружни повреди“, објавија од Словенечката федерација.

Ракометарот на Е. Пелистер најверојатно ќе биде заменет од некој друг ракометар од поширокиот список на селекторот на Словенија, Урош Зорман.

ПретходноЛШ: РБ Лајпциг со прва радост, Елмас остана на клупа
СледноЈуве извиси: Араухо потпишува со Барса до 2030 година