Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао во Истанбул со 4:1 во натпреварот од седмото коло во Лигата на Европа и останаа во трка за местата кои водат во втората фаза на ова европско натпреварување.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по повеќе од три години се врати на клупата на еден тим и во своето тренерско деби во Бешикташ му го нанесе првиот пораз на баскискиот тим во Европа оваа сезона.
Во 17. минута вечерва расположениот Рашица ги доведе „орлите“ во водство од 1:0, но Унаи Гомез го израмни резултатот во 45. минута. Рашица уште еднаш беше кобен за Атлетико, овојпат во 60. минута за 2:1. На 3:1 зголеми Рафа Силва во 77. минута, а конечниот резултат го постави Жоао Марио од белата точка во втората минута од судиското надополнување.