Тажната приказна за Гвинеја: Од остварување на сонот до шокантен пречек во Сент Мартин!

1491

Репрезентција на Гвинеја како дебитант дојде на Светското првенство кое се одржува во три земји: Хрватска, Данска и Норвешка. Оваа земја за првпат во својата историја го почувствува мундијалскиот предизвик, беше дел од групата на Македонија во Вараждин. Гвинеја заврши на последното место и се пласираше во Президен Купот, кој се игра во Пореч.

Самиот пласман на ова Светско првенство беше остварување на сонот за сите во тимот, но се додека не пристигнаа во Хрватска. За дел од репрезентативците на Гвинеја овој Мундијал се претвори во хорор.

По пристигнувањето во хотелот во Ст.Мартин ги дочека непријатно изненадување. ИХФ ги покрива трошоците на одредена бројка на челнови на секоја експедиција. Дури шестмина ракометари кои требаше да бидат дел Гвинеја ги намало на списокот во хотелот, наместо нивната федерација да ги покрие трошоците тие „останале“ на улица.

Тука почнала целата агонија. Надевајќи се дека ќе се најде решение, им било соопштено дека за нив нема место и ќе мора да се снаоѓаат. Разочарани од односот на нивната федерација едвај нашле прибежиште во Вараждин, а оттаму морале да се вратат во Франција, земјата во која живеат и настапуваат за француските клубови од пониската лига.

Останатите членови на тимот останаа да ја претставуваат својата земја, сепак горчината од односот на нивната федерација останала. Одлучиле да играат на ова Светско првенство поради своите фанови кои ги нема тука во Хрватска, но затоа ги следат будно од пред ТВ-екраните.

ПретходноВистината за Академијата на ФФМ (ВИДЕО)
СледноБен Шелтон избори полуфинале на АО