Толку од Сахин во Борусија Дортмунд

103

Откако синоќа, тимот на Борусија Дортмунд загуби во рамките од Лигата на Шампионите од екипата на Болоња, менаџментот на клубот одлучи да го отпушти тренерот Нури Сахин.

Овој пораз, значително ги намали шансите на тимот на Дортмунд да се пласира во елиминационата фаза од ЛШ, односно во 1/8 финалето, па нормално е што клубот се реши за ваков ригорозен потег.

“Се надевавме на долгорочна соработка со Шахин бидејќи многу го цениме, до крај верувавме дека може да ја промени ситуацијата, но по четири последователни порази и само една победа во последните девет натпревари ја изгубивме вербата дека може да ги исполни целите за оваа сезона. Во Бундеслигата сме дури на десетото место, и затоа со тешко срце решив да ја прекинам соработката со Шахин”, соопшти спортскиот директор на клубот Ларс Рикен.

ПретходноКизиќ: Веруваме во себе, можеме да одиграме уште ден добар меч и против Катар
СледноДенеска на СП: Египет против Исланд, Хрватска и Словенија по рехабилитација!