Директорот на Барселона, Деко, во разговор со новинарите потврдил дека се чека само на денови до продолжување на договорите со неколку фудбалери за кои се зборуваше дека ќе го напуштат тимот. Прв на листата кој по се изгледа ќе го продолжи договорот со Барселона до 2030 година е Уругваецот, Роналд Араухо.
„Мундо Депортиво“ пишува дека се чека еден од агентите на фудбалерот да дојде во Барселона и да почне финалниот дел од преговорите. Инаку, Араухо има договор до летото 2026 година и беше на мета на екипата на Јувентус.
Освен со Араухо, Барса е блиску до постигнување договор за нова соработка и со младиот Педри.