Вечерва во стандардните термини од 18.45 и 21 часот ќе се одиграат и преостанатите девет средби од седмото или претпоследно коло во Лигата на Шампионите.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо Загреб и новиот стратег Фабио Канаваро ги чека пеколен настап на „Емирејтс“ кај Арсенал. Последните информации велат дека и двајцата македонски интернационалци ќе се најдат во стартниот состав на Канаваро.
Лајпциг го пречекува Спортинг Лисабон. Јасно е дека Елиф Елмас нема да биде стартер или воопшто нема да биде во записникот, останува да се види.
Џирона му гостува на гигантот Милан, но ќе мора да игра на „Сан Сиро“ без Бојан Миовски. Македонецот почна со тренинзи, но сеуште не е фит од повредата.
Најинтересно ќе биде на “Паркот на Принцовите“ каде ПСЖ го дочекува Манчестер Сити. Со оглед на местата на табелата, се чини дека кој ќе загуби вечерва во Париз нема да се најде во елиминациската фаза. Значи ова ќе биде битка до истребување.
Реал Мадрид игра дома со Салцбург, Интер гостува кај Спарта Прага а Баерн Минхен како гостин се среќава со Феенорд.
Ова се сите двојки од вечерашното седмо коло во Лигата на Шампионите: