Нејц Цехте, ракометарот на Е. Пелистер, репрезентативец Словенија на мечот со Аргентина кој се игра во моментов, потешко се повреди и тоа во 7.минута, па мораше на носилки да го изнесат од теренот во Арената во Загреб.
Инаку до повредата дојде откако еден ракометар на Аргентина без никаква потреба го удри силно во пределот на ребрата.
Засега сеуште не се знае од каков вид е повредата на ракометарот на Е.Пелистер но факт е дека сцените од Загреб не беа баш пријатни за гледање.